Верски водачи во Канада оптужени за полигамија, еден имал 25 жени: “Тоа е божествен брак”

од desk3
Винстон Блекмор (60) и Џејмс Олер (53), поранешни водачи на изолираната полигамна заедница во Канада  осудени се поради практикување на полигамија после десетгодишен правен спор. 
Судијката на врховниот суд во  Британската Колубија Шери Ан Донеген изјави дека доказите очигледно покажуваат дека Блекмор бил венчан со 25 жени во исто време, а Олер имал пет  сопруги.
Блекмор никогаш не порекол дека бил во брак со поголем број на жени бидејќи тоа било “дел од неговата религија и вера во божествен брак”. Неговиот адвокат Блер Суфредин изјавил дека неговиот клиент ако биде прогласен за виновен ќе се жали на конституционалноста на државните закони за полигамија.
Истрагата против верските водачи е покрената во текот на 1990 година. Според канадскиот закон, најголема казна која можат да ја добијат е пет години затвор, а изрекувањето на казната се очекува наскоро.
Блекмор и Олер се членови на фундаменталистичката Црква Исус Христос светец на последните денови, секта која се одвоила од мормоните, со главно седиште во малата заедница на границата Утах и Аризона во САД.

Слични содржини