Инспекторите работат на три верзии на убиството на рускиот политичар Борис Немцов. Според првата е можно убијците да се поврзани со информацијата за абортус, направен врз неговата љубовница.

Според податоци на полицијата Ана Дурицкајa прeд извесно време летал од Москва за Швајцарија, за да направи абортус, соопштува Life News.

Втората верзија е дека мотивот за убиството може да е поврзан со пари кои загинатиот политичар ги добивал од странски спонзори.

Во седиштето на Борис Немцов во моментов се вршат претреси, а иследниците носеле материјали кои можат да помогнат да се утврди мотивот за злосторството.

Потсетуваме дека претседателот на Русија Владимир Путин изрази сочувство до семејството на загинатиот и рече дека убиството на Борис Немцов го ите знаци на нарачано убиство, кое има провокативен карактер.

Немцов сепак е познат како жесток критичар на Путин и неодамна изјави дека неговата мајка се плаши дека Путин може да го убие.

Борис Немцов, кој беше убиен доцна синоќа во центарот на Москва, ќе биде погребан во главниот град на Русија, соопшти поранешниот прес секретар за политика и негов близок пријател Александар Котјусов, пренесува ТАСС.

“Немцов ќе биде погребан во Москва, но на кои гробишта – ќе одлучат неговите роднини”, рече Котјусов.

Слични содржини