Весникот „Илинден“ доби ISSN броеви

од Vladimir Zorba

– Единствениот печатен медиум на македонски јазик во Албанија, весникот „Илинден“, кој од средината на месец март годинава е и со електронско издание, и за двете верзии доби ISSN бореви.

– Ова за нас е многу значјано. ISSN е меѓународен идентификатор за сериски и други континуирани ресурси, во електронскиот и печатен свет. Мрежата ISSN е составена од 89 ISSN национални центри чија работа е координирана од страна на Меѓународниот центар ISSN кој се наоѓа во Париз. Меѓународниот центар ISSN е меѓувладина организација, создадена во 1975 година со договор помеѓу УНЕСКО и француската влада, изјави Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот.

Тој нагласува дека 1,9 милиони ISSN броеви се регистрирани во ISSN регистарот, што е авторитативен извор на информации и референтна алатка за управување со сериски публикации. Според него 65.000 нови ISSN записи се создаваат годишно.

Првиот број на весникот беше објавен на 8 февруари 2013 година, како двоброј за март и април и во изминатите години предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и меѓу македонската дијаспора во светот.

Обавуваме, посочува Ѓурѓај, информации за активностите на македонските друштва, македонската партија МАЕИ, негувањето на традициите и обичаите, објавени книги, монографии и публикации на Македонци, информации за матичната земја Македонија, кои може да ги прочитаат и со истите да се запознаат сите Македонци каде и да се на земјината топка.

Слични содржини