65
Започна судскиот процес против 32-ца вработени на турскиот весник „Заман“ кој се поврзуваше со исламскиот проповедник Фетхулах Ѓулен, кој се смета за организатор на неуспешниот обид за државен удар од летото на 2016 година. Поранешните вработени на изданието се обвинети за вмешаност во неговото организирање.
Меѓу обвинетите, постојат автори и претставници на двете верзии – како на „Заман“ така и неговата верзија на англиски јазик на денешниот „Today’s Zaman“. Контролата и врз двете изданија беше преземено од државата во март 2016 година, а во јули истата година тие беа затворени.
Денешниот случај е уште еден против новинарите во Турција во рамките на вонредната состојба што ја наметна Анкара по неуспешниот државен удар.
Од 32-те обвинети во притвор има 22, а останатите десет ја чекаат казната под судски надзор или се отсутни.
Според сајтот „Р24“, 171 новинар во моментов се наоѓа во затвор во Турција, при што повеќето од нив се притворени во вонредна состојба.