Терористичките напади во Париз покажаа огромни пропусти во работата на националните тајни служби, особено оние во Европа кои делуваат на принципот “печен петел”. Тоа го вели ветеранот од Службата за надворешно разузнавање на Русија полковник Олег Нечипоренко, соопштува РИА Новости.

20151116.cjutejncbf
“Тајните служби не реагираат навремено и адекватно на прво место поради бирократијата, неусогласеноста и неоперативноста. Тие едноставно делуваат на принципот на ” печен петел “, вели Нечипоренко. (“Кога ќе колвне печен петел” е израз меѓу разузнавачите, употребуван при дејствија пост фестум)

Стариот разузнавач нагласува дека во меѓународната банка за податоци, формирана по иницијатива на руските безбедносни служби, има стотици терористи. Но контраразузнавањето ги пропушта, а настаните во француската престолнина го потврдуваат овој факт.

“Ако навистина наводниот спонзор на терористичките напади е Белгиецот Абделхамид Абаауд, кој веќе бил во видното поле на полицијата на оваа земја, тоа е необјасниво што ги спречило Брисел и Париз да ги координираат активностите за неутрализирање на неговата активност”, коментира полковникот.

Нечипоренко е шокиран од фактот дека француските тајни служби ги “преспале” терористичките напади, имајќи такво голем искуство во борбата со тероризмот. Особено полковникот го наведува успехот на тајните служби на Франција при неутрализирање на терористите од Лион, каде пред десетина години беше откриена цела терористичка мрежа која регрутирала кадри. “Поради тоа откритие тајните служби во Европа го концентрираа своето внимание врз џамиите”, коментира Нечипоренко.

“Дојде време не да повикуваме за борба против тероризмот, кој се повеќе мутира и користи се повеќе цинични методи на војна, туку да нанесме координирани напади, користејќи ја правната база, банката податоци од стекнатото искуство, бидејќи поделбата меѓу светските тајни служби им овозможува на терористите да прават токму такви акции – за заплашување, за ширење на страв и паника. Оваа војна нема линијата на фронт и секоја точка од земјината топка може да биде употребена за спроведување на акции, слични на паризката трагедија “, нагласува полковникот од разузнавањето.

Потсетуваме дека како резултат на терористичките напади во Париз на 13 ноември загинаа 132 лица. Тоа е најголемиот терористички напад во историјата на Франција.

Слични содржини