(ВИДЕО) 18 годишен Австралиец е најмладиот патник околу светот

од Vladimir Zorba

Осумнаесет годишен Австралиец стана најмладиот човек кој направил сам околусветско патување на едномоторен авион, јавува Ројтерс.5036657 Утринава патникот слета на аеродром во државата Квинсленд во североисточна Австралија. Во текот 54 дневна турнеја на Земјата, Леклан Смарт слетал со машина на 24 локации во 15 земји од светот.

Пред “Бризбејн тајмс” тој ги дефинира како главни проблеми на патувањето времето и недостатокот на поддршка од страна на авиодиспечери. Австралиецот е една година помлад од претходниот рекордер – Американецот Мет Гутмилер.

Слични содржини