Претседателот Ердоган ја откажа својата програма во Истанбул поради нападот, и окрвавените демонстрација против војната со Курдите
126 луѓе се искачи бројот на повредените по бомбашките напади во Анкара од утринава, бројот на загинатите е 35, соопшти агенцијата Аnadolu. Според CNN станува збор само за една, но многу силна експлозија. Татежот бил толку моќен што удрил слично како земјотрес врз последните катови на канцеларија зградите околу централната станица на градот.
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган ја прекинал својата тридневна програма во Истанбул и ќе се врати во Анкара во врска со експлозиите во текот на мирнтеи демонстрации во турскиот главен град, соопштува NTV повикувајќи се на извор од турската претседателска администрација.
Турскиот премиер Ахмет Давутоглу започна вонредна седница на советот за безбедност на земјата во врска со она што се случило, дополнува Фокус.
Како што локално претходно соопшти денеска турските власти инциденњто го дефинираат како “напад”. Експлозиите избувнаа за време на мирните демонстрации на синдикалните актибвисти на “Труд. Мир. Демократија “, кои повикувааа на крај на воените дејствија меѓу Турција и ПКК.