(ВИДЕО) 24 Отворено: Црни пари во кампањата, кој ги купува административците?

од Vladimir Zorba

otvoreno

Тече изборната кампања. Партиите зафатени на терен, донаторите зафатени и со раката во џебот. Кој финансира, колкави се трошоците?

Се води исклучително скапа предизборна кампања, а политичките партии се штури за информации. Од каде се милионските суми кои ги трошат за кампања? Има ли црни пари?

Финансирањето на политичките партии, особено за време на изборите е една од најнетранспарентните и затворени теми во државава.

Се користат ли државните ресурси за партиско финансирање? Има ли злоупотреба на јавната администрација? Поврзаноста на темите е дел од артериската партиско државна спрега. Дали во вакви услови анкетите можат да ја дадат вистинската слика?

На оваа тема во „24 Отворено“ дебатираат:

Дарко Алексов МОСТ,

Џабир Дерала од НВО Цивил

Слаѓана Тасева од Транспаренси интернешенл

Самоил Малчески, Универзитетски професор, инсајдер, човек што прв прозбори за манипулациите во финансирањето на кампањите.

Слични содржини