(ВИДЕО) 300 лица со скршеници поради мразот на тротоарите, дневно и до 5 операции на ортопедија во Битола

од Vladimir Zorba

Битолска ортопедија со полни раце работа. За  три недели  од првите врнежи на снег до денес  300 граѓани се јавиле на ова одделение со  повреди  при пад на лизгавите улици и тротоари. Најголемиот дел се од Битола, а шеесетина од Прилеп.  Дел од нив минале со полесни повреди, но, има и голем број пациенти кој се здобиле со скршеници, информира Телма. 

-Одев во маалската продавница  на ден Бадник. Мислев дека снег е ама одоздола имаше мраз и паднав, изјави една пациентка.

Ортопедите во битолската болница велат дека по некогаш имаат и по пет операции на ден.

-Најчесто се набиеници, исчашувања, шинувања, а една третина од сите повредени,  преку сто се  со скршенивци. Дел од скршениците ги праќаме на домашно лекување, а една третина од нив ги примаме и ги оперираме. Имаме околу 30 оперирани од 1 ви јануари до вчера. Вчера имавме 5 операции, изјави др. Благој Неделков, ортопед во Клиничка болница Битола.

 

Целиот текст можете да го прочитате тука 

Слични содржини