(ВИДЕО) 360° Арифи: Ако на Врховен помине барањето на Зврлевски за притворот на Кочан, СЈО може и да се затвори

од Vladimir Zorba

Универзитетската професорка Беса Арифи во дебатата на „360 степени“ зборуваше за барањето за заштита на законитоста поднесено од јавниот обвинител Марко Зврлевски, за укинување на притворот на Сеад Кочан кој е во бегство и се бара со меѓународна потерница во случајот „Труст“ на СЈО.

– Ова навистина е надвор од секакви стандари за гонење на криминалот во една земја, и ова ја прави невозможна понатамошната работа на СЈО, кога на еден ваков начин со толку настојување се саботира од сите страни. Добар сигнал е тоа што во Врховниот суд имаше дебата и не помина веднаш, што значи дека има отпор и внатре. Но, ако ова помине со мнозинство гласови или пак на некој друг начин на притисок, тоа ќе биде многу лош сигнал и претставува една уште поопасна и трагична состојба, отколку онаа која ја имавме пред една година со аболицијата која ја направи претседателот Иванов. Бидејќи со ова станува невозможна понатамошната работа на СЈО, која беше формирана со цел да гони одредени случаи, и при неговото формирање беше донесен еден специјален закон, каде во членот пет се одредува дека ова обвинителство има право да преставува предмети во сите судови во РМ, вклучувајќи го и Врховниот суд. Исто така, членот 6 нагласува дека ова обвинителство е автономно и со овој член се одредува дека регуларното обвинителство, вклучувајќи го тука и републичкото обвинителство, нема никакво право да се меша во работата на СЈО. Ако ова не е мешање, тогаш што е? Ако помине ова барање за заштита на таканаречената законитост од страна на ОЈО, тогаш ова ќе стане пракса која ќе се спроведе во сите наредни случаи, и неслучајно поранешниот претседател на Врховниот суд рече тогаш затворете го, бидејќи нема веќе работа за СЈО – рече Арифи.

Извор: 360 степени

Слични содржини