(ВИДЕО) 360˚ Дали до 30-ти јуни ќе има обвинение за „Таргет“?

од Vladimir Zorba

Тема на дебатата на „360 Степени“ беше рокот за поднесување обвиненија на Специјалното јавно обвинителство, кој завршува на 30 јуни, и дали е возможно до тој рок да биде поднесено обвинение за случајот „Таргет“ за масовното нелегално прислушкување.

Роковите од Членот 302 од Законот за кривична постапка велат дека има рок од 15 дена од моментот во којшто осомничените ќе го примат известувањето за завршување на истрагата, до можноста обвинителството да го покрене обвинението. Прашањето за кое дисктурираа гостите во емисијата беше следното – со оглед на тоа што СЈО официјално извести дека истрагата за случајот „Таргет“ не е затворена, дали можеме да заклучиме дека СЈО ќе го заокружи рокот од 18 месеци во којшто може да покренува обвиненија, без обвинение за случајот „Таргет“?

 – Ако „Таргет“ не биде еден од првите предмети за кои понатаму Специјалното јавно обвинителство ќе се залага, искрено јас ќе бидам разочаран бидејќи сум еден од оние кои биле таргет, со месеци слушан без никаков налог. Јас сум еден од тие кој си даде исказ по тој предмет. Овие рокови можеме да ги толкуваме и малку поотворено. Но, ако го гледам однесувањето на осомничените во случајот „Таргет“ и нивното неколкупати непојавување во СЈО на поканите, нивното непримање на поканите, не го врзува Специјалното јавно обвинителство во такви ригидни рамки да го почитува овој рок од 15 дена, и јас сум убеден дека до 30-ти може да го пушти обвинението во суд и без да ги очекува нивните изјаснувања во тој рок од 15 дена, а понатаму останува нивното право на приговор на обвинението, па ќе ги дополнат тие правни празнини. Од тука, очекувам во овие 13 или 14 истраги колку што се сега затворени, до 30-ти да биде, меѓу другите, „Таргет“. Доколку оставиме резерва овие кои сега почнаа да се појавуваат за „Таргет“, ако не направат па и некаков договор со обвинителството, па можеби и да нема обвиниение, да не ја исклучиме и таа можност – рече Димовски.

Слични содржини