(ВИДЕО) 360˚ Консултантот на владата на Емил Димитриев кој лобираше за баџанакот на Мијалков – дел од Извештајот за корупција на Советот на Европа

од desk4

Независното истражно тело, формирано да ги провери наводите за широко распространета корупција во Парламентарното собрание на Советот на Европа, вчера го објави финалниот извештај. Во документот кој е на повеќе од двесте страни е спомената и Република Македонија и тоа преку сомнежите што ги отвори токму „360 Степени“. Станува збор за улогата што ја имал британскиот пратеник Роберт Валтер, кој е најмен за советник на владата на Емил Димитриев, во изборот на Јован Илиевски, баџанакот на Сашо Мијалков, за судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

 Еве што конкретно е набележано во извештајот на независното истражно тело.

Слични содржини