Дополнителна мобилизација на Студентскиот пленум предизвика изјавата на министерот за образование Абдилаким Адеми дека и покрај одлагањето на неодамна донесените законски измени, и покрај отворањето дебата со академската заедница од понеделник, Владата нема да отстапи од построги критериуми за професорите и дека нема да се повлече од контролни механизми за проверка на знаењата на студентите.

 360-540x391

Својата реакција Пленумците ја изнесоа во синоќешното издание на „360 степени“ на Алсат-М ТВ. За нив настапот на Адеми е во најмала рака контрадикторен.

„На почетокот сакам да кажам дека министерот Адеми со овaа изјава е контрадикторен со тоа што самиот го изјавува, бидејќи вели дека нема да се смени ништо радикално во овој текст, а во другата реченица вели дека сме отворени да ги прифатиме предлозите што ќе ни дојдат од студентите и професорите. Тој самиот е контрадикторен со оваа изјава. Еднаш вели дека нема да прифатат, а подоцна вели ќе ги прифатиме нивните предлози. Сега министерот Адеми зборува за дебата, односно сега бара дебата со нас, истиот тој министер кој бегаше од нас, како да сме ние криминалци, значи на Педагошкиот факултет каде се одвиваше првата дебата за Законот за високо образование, а потоа ни ги затвори вратите во Министерството за образование и не ни дозволи да влеземе за и ние да бидеме дел од таа дебата. Сега истиот министер бара дебата со нас“ – вели во „360 степени“ Љуми Бекири од Студентскиот пленум.

ademi-540x349

Адеми пак во интервјуто за „360 степени“ даде интересен одговор на прашањето зошто Владата, во последно време се повлекува од сите мерки во делот на реформите и дали тоа е поврзано со „бомбите“ на опозицијата и нејзиниот лидер, Зоран Заев?

„Како политички субјект, но и лично, како претставник на овој субјект, сметам дека опозицијата секогаш ја игра најважната улога за демократските процеси, но и за она што државата претендира секогаш да го преземе како реформа или како процес. Дејствувањата на опозицијата се најдобриот коректор на државата и јас сега не би сакал да го поврзам тоа со најавите на опозицијата за таканаречените „бомби“, но ние ова… ако може да се нарече одложување на една година, го направивме и заради барањето на универзитетите и студентите и се надеваме дека нема да смениме ништо радикално од предложениот текст, туку можеби ќе биде најдоброто аргументирање пред универзитетите и студентите на сето она што го предложивме, но зошто да не прифатиме и нешто што ќе биде аргументирано и од универзитетите. Така што, уште еднаш повторувам, опозицијата играјќи ја улогата на коректор и контролор на државата, игра позитивна улога, зошто да не и во овој случај“ – изјави Адеми.

Погледнете ја целата емисија:

Слични содржини