(ВИДЕО) Агент на МИ5 призна дека ја убил принцезата Дијана!

од Vladimir Zorba

80-годишниот пензиониран агент на британските тајни служби МИ5 Џон Хопкинс признава дека извршил серија на убиства. Тој тврди дека му остануваат уште неколку недели живот и не сака да го напушти овој свет, однесувајќи ја вистината во гробот, соопштува британскиот медиум Culture Shock TV.

Хопкинс тврди дека учествувал во 23 убиства организирани од британската тајна служба и исполнети во периодот од 1973 до 1999 година.

Меѓу овие убиства е и она на принцезата Дијана. Џон Хопкинс работел како оперативен агент во МИ5 38 години, како и тоа во овој период тајната служба на Велика Британија често му наредувала да врши дискретно убиство на одредено лице, за кое се сметало дека претставува опасност за националната безбедност на Обединетото Кралство.

Како машински инженер и експерт за оружје Хопкинс тврди дека има големо искуство во убиства со конвенционалните методи, вклучувајќи и употреба на хемикалии и отрови.

Поранешниот британски разузнавач објаснува дека бил дел од седумчлената група оперативни агенти на МИ5, кои биле натоварени да вршат политички атентати на територијата на Велика Британија. Од неговите искази станува јасно дека повеќето од жртвите биле политичари, новинари и лидери на политички партии.

Во однос на принцезата Дијана Хопкинс тврди дека таа е единствената жена жртва на нападите, кој тој ги извршил и единствен член на британското кралско семејство. Таа е единствената жртва, за чија смрт беше нарачано директно од самиот кралско семејство, нагласува Хопкинс.

“Дијана беше убава и љубезна жена”, вели тој и додава дека според него таа беше закана за британската круна. “Кралското семејство располагаше со докази дека таа има намера да се разведе со принцот Чарлс. Знаеше премногу тајни кои се однесуваат за кралското семејство. Мојот шеф ми кажа дека таа мора да умре.

Добил директна наредба од принцот Филип и моравме да направиме така што да изгледа како несреќен случај. Никогаш пред тоа не бев убивал жена, уште помалку принцеза, но ја исполнив заповедта. Го направив ова за кралицата и за земјата. Следната фаза од задачата ги вклучуваше медиумите кои многу добро ги исполнија својот дел од работата “, раскажува Хопкинс.

Поранешниот британски разузнавач ги поминува последните денови дома, но вели дека по овие откритија се очекува да биде уапсен. Хопкинс тврди исто така дека секоја истрага во врска со оваа афера би било тешко да се докаже и “многу компликации”, бидејќи пишувани докази во МИ5 нема, а освен тоа речиси сите негови колеги починале.

Слични содржини