(ВИДЕО) Ахмети – Се уште немам проценка за работата на СЈО

од Vladimir Zorba

ahmeti

Има многу центри кои работат на штета на интегрирањето на Македонија во ЕУ и во НАТО, оценува во интервјуто на Радио Слободна Европа, претседателот на ДУИ Али Ахмети. Тој тврди и дека не се плашат од СДСМ и новите партии на Албанците, велејќи дека на овие избори ќе се бореле за рамноправност.

Не, не апсолутно не сме загрижени. Мислиме дека СДСМ нема да добие ништо со овие акробации или, пак, со овие пораки за граѓански партии, бидејќи е изненаден и самиот албански електорат од каде излегоа тие како спасители, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Ги објавивте листите. Има нови и непознати имиња. Зошто се одлучивте на ваква варијанта?

Ова е волја на мнозинството, на членството на Демократската унија за интеграција. ДУИ како партија функционира како демократско движење каде што се почитува волјата на мнозинството, каде што се почитува волјата за промени. Сигурно и во иднина ќе има нови лица и овој тренд ќе продолжи и во иднина. Значи сè се прави со разбирање, сè се одлучува со дијалог, компромис и сите заложби ги правиме за да се најде најдоброто решение. Но во Демократската унија за интеграции е тешко да се одлучува за одвојување луѓе, бидејќи се работи за лица што придонеле многу, имаат посебни способности за менаџирање на раководните места, но сепак на крај се работи за волјата на мнозинството.

По 14 години на власт, што може да им понудите на граѓаните на овие избори, на што ќе се фокусирате во програмата?

Албанците во Македонија со постигнувањето на Рамковниот охридски договор се разбира дека освоија слобода, но сега еден од приоритетите на Демократската унија за интеграција е оваа слобода да се материјализира и со рамноправноста, бидејќи со немањето рамноправност сигурно дека и слободата не може да биде целосна. Слободата за која што се надевааат граѓаните, слобода и рамноправност.

Зборувате за рамноправност, зошто досега тоа не го овозможивте?

Во континуитет се работеше за рамноправност, но ние имавме важни прашања кои требаше да се затворат и кои произлегуваат од Рамковниот договор, почнувајќи од националната слобода која што им недостигаше на Албанците, до рамноправното учество на Албанците во институциите, но во економскиот дел потребно е повеќе време и инвестиции за да бидеме рамноправни.

За ЕУ и НАТО мора решение за името. Вие веќе рековте дека тоа треба да го реши новата влада. Господине Ахмети, би коалицирале ли со ВМРО-ДПМНЕ ако победат на изборите?

Сега во Република Македонија имаме една реалност во која граѓаните сè уште се организирани во политичките партии врз етничка припадност. ДУИ не преферира да дефинира која страна е поприфатлива, подобра од македонската страна, бидејќи која македонска политичка сила ќе добие решаваат граѓаните, со тоа што која партија сакаат да ги претставува, која политичка сила ќе го добие легитимитетот зависи од гласачите Македонци и ние не може да ја наметнуваме волјата на Демократската унија или да речеме волјата на Албанците кој е поприфатлив од македонската политичка провиниенција. Сè додека имаме една таква реалност каде што граѓаните се организирани врз етничка припадност, сè додека сме организирани и гласаме за политички партии со национална припадност – албанска и македонска, треба да се почитува волјата на електоратот без разлика на која етничка припадност припаѓа. Но многу ќе зависи од преговорите во иднина, од платформите што ќе ги имаат партиите во иднина, а во иднина сигурно ќе се одвиваат преговори врз политичките програми, партиски програми, исто така и врз целите што ги имаат политичките партии, можно е да има и разлика во визиите што ги имаат политичките партии.

Претпоставувам слушнавте дел од снимките на опозицијата. Не ви пречеше вокабуларот за Албанците на некои членови на ВМРО?

Не. За нас не е вознемирувачки, апсолутно не е вознемирувачки, бидејќи Албанците знаат за кого ќе се определат. За жал, досега се уште не се случило една македонска политичка партија да се ангажира да ги брани правата на Албанците или без да се плаши да бара да се остварат правата на Албанците и се додека имаме едно вакво политичко организирање, сигурно политичките интереси и националните интереси, правата на Албанците и нивното надградување, останува да ги бранат албанските политички партии.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини