(ВИДЕО) Алис Купер: Проблематичен човек за проблематични времиња – тоа е слоганот со кој рок музичарот ја објави кандидатурата за претседател на САД

од Vladimir Zorba

dx300y170_2815857

Брајан Џонсон да се врати во AC / DC, Биг Бен да се вели “Биг Леми”, забрана на селфиата и на зборувањето во кината во текот на проекција – тоа е предизборната платформа на Купер. Тој уште сака покојниот Леми Килмистр од “Моторхед” да биде прикажан заедно до големите американски претседатели на планината Рашмор.

“Можете да ми верувате”, коментира тој во интервју за Си Ен Ен.
“Гледам на работите така: можам да не правам ништо точно толку добро како и тие.” Музичарот потсети дека е дедо на двајца внуци и е женет четириесет години, но се уште работи секој ден како типичен Американец.

Шеговитата кандидатура на Купер е дел од промоцијата на турнејата, на која луѓе маскирани како зомби на Хилари Клинтон и Доналд Трамп, се тепаат на сцената (во видеото). Етјудт се разигрува под звуците на песната на Купер од 1972 година – Elected.

Таа беше хит за време на предизборната кампања истата година кога беше реизбран Ричард Никсон, а текстот завршува со “Сите си имаат проблеми, но на мене воопшто не ми е гајле”.

Слични содржини