Пратеникот Амди Бајрам и главниот уредник на Сител телвизија, Драган Павловиќ – Латас, во вчерашните вести на Сител говореа за реакциите на снимката која ја објави СДСМ од каде посочија дека е на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Според Бајрам, таа ги сакала, ги обожавала Ромите.

Зборот Циган за Бајрам и не е некоја голема навреда. За соговорниците ниту зборот „Каур“ не беше навредлив.

„Ова е купус изјава, и не може да не разедини нас Ромите, ние сме у куалиција. Такви јаничари како Заев само пустош прават. Народот знае за кого гласа, ќе поднесам амандман за амболицијата на Заев да се поништи. Јас одма би го спакувал кај што мене ме спакува Бранко Црвенковски. Заев е осомничено лице“, вели Бајрам.

Бајрам процени дека вчера Универзална сала била полупразна. Еве го и разговорот, за кој СДСМ вели дека е меѓу Јанкулоска и Васил Пишев, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица.

ГЈ: Ало?
ГЈ: Васе, како ситуација?
ВП: Абе, добро е тука, ама се топи тоа…
ГЈ: Види, му кажав на Славе, таму кадешто мислите дека е тенко, не пишувајте записници, остајте простор за приговор, неаме контрола таму, остајте простор па после за уши циган по циган ќе ги вадиме…Сега мора така, оти затворени се избирачките места… Океј Васе…
ВП: добро, добро.

Слични содржини