Од протестот пред МРТ, колона од граѓани се упати пред Собранието, следена од силно полициско обезбедување, пренесе А1он.

Лидерот на Достоинство од пред законодавниот дом порача дека ова денеска е генерална проба, но и дека ќе има уште неколку.

– Вака ќе правиме уште неколку пати и ќе им влеземе кога најмалку очекуваат. И нема да можат да не спречат, порача Ангелов и најави дека протестите за МРТ продолжуваат се до собирање на критичната маса. Пред заминување од пред Собранието, Ангелов побара сите заедно да ја испеат македонската песна „Море сокол пие“.

Видео – А1он

Слични содржини