Дури и ветараните на УЧК имаат поголема почит кон нас, македонските бранители и кон воените ивналиди како јас и Митко, отколку Гордана Јанкулоска, изјави денеска поранешниот генерал, Стојанче Ангелов, кој го поддржа воениот инвалид, Митко Митевски, во неговиот денешен протест пред Министерството за внатрешни работи.

stojance19mart

– Некој треба да е нечовек да поднесе тужби против овие луѓе кои го изгубиле своето здравје бранејќи ја татковината. Бараме Јанкулоска да си поднесе оставка, имаме информација дека сака да замине од министерската фотелја, но дека не смее и дека се плаши. Јас и гарантирам дека нема да и фали влакно од косата ако се повлече што поскоро – рече Ангелов.

Митевски, повреден во хелихоптерската несреќа пред 14 години, мора да ја врати отштетата која ја добил од државата откако Министерството за внатрешни работи го тужело за противправно богатење. Ангелов вели дека кога некој е повреден во војна, државата треба да му даде оштета.

– Тоа е нормално правило во било која нормална држава освен во Македонија. Врховен суд ја преправи одлуката со која на воените инвалиди им следуваше надомест на штета и МВР иако не мораше поднесе тужба против нив. Токму Гордана Јанкулоска почна да ги поднесува тужбите против воените инвалиди – рече Ангелов.

Тој додаде дека поради законската камата парите кои ќе треба сега да ги вратат овие бранители ќе бидат двојно поголеми од отштетата што ја добиле.

Слични содржини