Американската авијација нанесе удар на училиште за девојчиња во јужниот дел на ирачкиот град Мосул. Ова го соопшти началникот на Главното оперативно одделение на Генералштабот на Русија Сергеј Рудској.

 

1477426615-afsd
“На 21 октомври авион на ВВС на САД нанесе удар на училиштето за девојки Ал Хаџ Јунус,кое се наоѓа во јужниот дел на градот Мосул”.

Повикувајќи се на податоци на разузнавањето, руското Министерство за одбрана, исто така соопшти за многубројни воздушни напади, нанесени од коалицијата предводена од САД меѓународна коалиција и по други граѓански објекти во Мосул и неговата околина.

“Жртви на овие активности во последните три деноноќија се над 60 мирни жители, вклучувајќи и деца. Повредени се повеќе од 200 “, рече Сергеј Рудској.

Што се однесува до извештаите во медиумите за ударот на руската авијација по болницата Сухарто во сирискиот Алепо, тогаш тие, според зборовите на Рудској, не одговараат на вистината.

Слични содржини