Околу 200 лица се уапсени во немирите во американскиот град Балтимор оваа ноќ, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на градоначалничката Стефани Ролингс-Блејк. Демонстрантите опожариле 15 згради. Пожарникари се уште не можат да го изгаснат огнот. Запалени се и 144 автомобили. Над градот се уште се издига чад од пожари.

Протестите, прераснаа во насилство во текот на ноќта, почнаа синоќа по погребот на 25-годишниот Фреди Греј,кој починал на 19 април, откако добил повреда на ‘рбетот во полициски притвор.

BALT

Демонстрантите ограбувале продавници, аптеки и мол и влегоа во судир со полицијата. Тоа беа најжестоките судири во САД по оние во Фергусон,кои избувнаа по убиството на невооружен црнец од бел полицаец.По смртта на Греј во Балтимор минатата недела имаше протести, но тие беа главно мирни. Немирите синоќа ги изненадија градските власти. Заради нив гувернерот на државата Мериленд Лери Хоган прогласи вонредна состојба во Балтимор и ја активира Националната гарда да помогне за справување со насилството и нередите во кои беа повредени најмалку 15 полицајци, од кои 6 сериозно.

Повеќето немири беа во соседството на Балтимор, во кој една третина од луѓето живеат во сиромаштија.

Фреди Греј беше уапсен на 12 април, додека се обидувал да избега од полицијата. Тој бил однесен во притвор за поседување на нож. Транспортиран бил со полициски бус, во кој патувал без појас и на патот добил повреда на ‘рбетот, која една недела подоцна станала причина за неговата смрт. Блиски на Греј рекоа дека рбетот му бил 80 проценти оштетен, додека тој бил во притвор, наведува Ројтерс.Шест полицајци беа суспендирани поради тоа што се случило, додека се води истрага. Полицијата одбива да посочи каква е нивната раса, дополнува АП.

Денес сестрата на Фреди Греј – Фредерика,ги повика сограѓаните да не предизвикуваат насилство во врска со смртта на нејзиниот брат. Насилството не е вистинскиот начин. Тоа не ми се допаѓа, рече Фредерик.

Денес снимка на црна мајка која го тепа синот кој учествувал во немирите во Балтимор, станаа хит на интернет, соопштува италијанскиот весник “Република”.

Мајката успеала да го препознае момчето, иако тоа било со црна качулка на главата. Таа го скарала дека учествува во протестите. “На тебе каков ти е проблемот? , а потоа го нашамари неколку пати. Жената успеала да ја тргнеме качулка на момчето и конечно да го зивади од толпата. Сцената била снимена со камера од мобилен телефон од случајни минувачи и закачена на социјалните мрежи.

Слични содржини