Драмата со Салопек и  натаму продолжува. Истече и другиот рок и нема одгласи ниту нови барања. Нема конкретни информации, но има многу шпекулации, во врска со потрагата и барањата на киднаперите.. Тој бил грабнат од улица а неговиот возач го пријавил киднапирањето од страна четворица бедуини. Потоа излезе видеото со барањата и стандардното клише со џелатот над него.

салопек
Единствен податок кој што досега ге во јавноста околу барањата на уценувачите  на Томислав Салопек е оној во кој што се наведува дека Исламската држава за возврат на неговото ослободување барала ослободување на неодреден број на припаднички и симпатизерки на Муслиманското братство.Официјално немало друго барање за  откуп.

Но, репортерот на 24sata, Роберт Валдец, кој што моментално се наоѓа во Каиро, дознал и уште  еден, потполно нов детаљ од целата приказна – уште веднаш истиот ден, на 22-ри јули, Исламската држава преку e-mail  наводно порака побарала откупнина од 30 милиони долари.

– Барањата на киднаперите се потполно нереални, да не кажам, бесмислени. Не знам колку е тоа во Хрватска познато, но непосредно после киднапирањето пристигнало и e-mail барање за откупнина која што била потполно нереална. Се работи за сума од 30 милиони долари, раскажува Валдец, при што објаснува дека следното и веќе познато барање пристигнало непосредно пред отворањето на новиот Суецки канал.

Тогаш киднаперите побарале ослободување на жените поврзани со Муслиманското братство. Откако помина рокот за исполнување на барањата, милитантните повеќе не се јавиле со нови информации или барања.

– Значи, можеби сега е вистинското време за да се направи обид со одредена акција за пронаоѓање на некаква алтернативна линија за комуникација со киднаперите, со оглед на тоа дека преку египетските служби тоа очигледно сè уште не е воспоставено. Тоа е можно само преку ангажман на луѓе кои се за такво нешто специјализирани. Тоа е максимумот што можам да го кажам за сето ова, објаснува новинарот Роберт Валдец.

– Јас се надевам дека ќе се обидеме со сè, но навистина сè, за Томислав Салопек жив и здрав да се врати во својот дом и покрај своето семејство, заклучува репортерот на 24sata, кој претходно напомена дека француската компанија за која што работел Томислав Салопек е еден од клучните негативни фактори околу киднапирањето.

tomislav-isis-salopek-24sata-01

Официјално засега од Загреб негираат дека имало какви било други барања и мејлови за таква сума за откуп на нивниот граѓанин.

Слични содржини