Претставниците на четирите политикчи партии, потписнички на Договорот во Пржино, постигнаа договор. Решено е прашањето за надлежностите на министерот за внатрешни работи.

Според договореното, новиот министер за внатрешни работи ќе има право да донесе 15 кадровски измени.Примената на Законот за внатрешни работи и надлежностите на министерот за внатрешни работи се одложува до 1 јануари 2017

Изборниот датум се’ уште не е прецизиран, но според Бејли партиите ги усогласиле ставовите за прочистувањето на избирачкиот список, за балансирано известување на медиумите, за формирање преодна влада 100 дена пред изборите.

„Се надеваме дека со овој договор ќе се постави патот до изборите кои ќе бидат прифатени од сите страни “, изјави амбасадорот на САД Џес Бејли.

Радмила Шекеринска рече дека се враќа преодната влада.

„ На почетокот на овој процес ветивме дека прво ќе обезбедиме да има услови за фер и демократски избори, а дури потоа ќе обезбедиме договор за датум на избори. Ветивме и дека сите еднострани потези што ги повлекла Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе мора да ги повлечат. Преодната влада ќе се врати, а Законот за внатрешни работи што беше голем проблем во преговорите, ќе биде одложен до следната година. Ваквиот договор обезбедува да се заврши со кризата која ни одзема многу време и енергија и да се обезбедат услови за фер и демократски избори“, рече Шекеринска.

Датумот за избори, чистење на Избирачкиот список, медиумите, учество во преодната влада, ќе треба партиските преставници да ги потврдат на лидерска средба на 31 август./извор а1он

Слични содржини