Битолчани попладнево  излегоа на протест да го искажат својот револт против одлуката на претседателот Иванов за  помилување на политичари и други лица, информира Телма.

protest_bitola

 

Додека ги извикуваа паролите   „Нема правда нема Мир“ „Оставка“,   граѓаните  фрлаа со јајца  по стаклота на народната канцеларија на Претседателот на РМ, која се наоѓа во центарот на Битола, кај комплексот Шехерезада.

-Луда одлука, договорена работа со ВМРО-ДПМНЕ само да се понишатат  сите пресуди , да не одговара никој. Да ги нема арамиите, ја упропастија државата,рече еден битолчанец.

-Ова е нешто невидено. Претседателот даде изјава дека нема да ги помилува , за колку?  за две недели. Груевски го игра како што сака, рече друг битолчанец

Целиот извештај за протестот ќе го видите тука

Слични содржини