(ВИДЕО) Бoгоевски и Трајанов ветија дека за 1 година нема да има мафија во власта

од Vladimir Zorba

 

8

Коалицијата за промени и правда ги презентираше носителите на избирачките листи, први тркачи ќе бидат Павле Трајанов-лидерот на ДС во првата Изборна единица, а лидерот на ФРОДЕМ- Јове Кекеновски во втората ИЕ. Во третата ИЕ носител на коалициската листа ќе биде м-р Весна Стоименовска, во ИЕ 4 прв на листата ќе биде независниот кандидат Слободан Богоевски, во петката ќе предводи Александар Делов и во шестката на останатите партии ќе им се спротистави Бранко Мајсторовски.

“ Зар треба да седиме мирни и да гледаме како со бегалците од Пакистан заминуваат и нашите најдобри кадри во странство. Ако ја добиеме довербата за 1 година ќе расчистиме со мафијата на власт која ја изеде државата и ќе ги вратиме парите на народот.

Слушам дек Груевски сакал да бега од Скопје, сака да избега да се соочи со граѓаните , да се соочи со мене ,ама ако оди во четворката таму го чека Богоевски и полошо ќе помиене- додаде Трајанов.

Според лидерот на ФРОДЕМ-Јове Кекеновски , на нивните листи немало кандидати кои се обвинети , осомничени или аболирани за сторени тешки кривични дела и не кандидираат носители на листи кои имаат пасоши и на други држави, имаат и друго државјанство и на кои Р. Македонија им е втора татковина

“ Вчера против Доналд Трамп во САД беа сите освен избирачите, но тоа не го спречи тој убедливо победи. Така ќе биде и на 11 декември кога граѓаните ке го дадат својот глас за коалицијата за промени и правда”- изјави Кекеновски пред делегатите.

Независниот носител на листа Слободан Богиевски посочи дека треба да се стави крај на злосторничкото здружение на власт чиј лидер за неив изјавил дека имаат мрачно минато.

“Да ние ќе бидеме вашиот мрак. На 11 декември ќе го победиме овој режим. Ќе ги победиме вредностите на кои почива ова злосторничкото здружение.Ќе ги казниме зошто ја одзедоа перспелтивата на младите. Јас и Павле Трајанов во 1989 год. се боревме за департизација на институциите. Сега доживеавме да се бориме против истото ”- додаде Богоевски

На изборните листи фигурираат интелектуалци и уметници, а има и претставници од сите етнички заедници. На листите се наѓаат звучни имињата како артистот Благоја Чоревски, Марија Џиџи како претставник од албанската заедница, Драгана Букилица како претставник на црногорската заедница итн….

 

Слични содржини