(ВИДЕО) Богојевски: Ги демантираме во целост гласините за упад во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на 23 октомври

од desk4

Гласините за наводен упад на 23-ти октомври во штабот на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат од кругови блиски до кујната на Никола Груевски, со цел да ги заплашат членовите и да не дојдат на прославата, изјави Петар Богојевски еден од инцијаторите за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, пренесува а1он.

„Сите гласини за било какви сценарија, за некаков упад во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ целосно ги демантирам. Тие доаѓаат од истите оние кругови кои пуштија илјадници лажни вести и шпекулации. Нашата намера е сите, тој ден да се обединиме сите и заедно да прославимe 124 години постоење ВМРО и мислам дека ќе успееме,“ рече Богојевски.

Реформаторите уште еднаш ги повикаа членовите, симпатизерите на партијата, но и поддржувачите на идејата за ВМРО, на прославата под мотото „Слободни, солидарни, обединети“ во чест на 23-ти октомври, во понеделник во 19.30 часот во МКЦ.

Слични содржини