Остра дебата за „бомбите“ на Заев и „Пуч“ на власта водат универзитетските професори Димитар Мирчев, Нано Ружин и Имер Исмаили во новото издание на емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат-М.

Што зборува комплетниот молк од власта, но и од медиумите блиски до ВМРО-ДПМНЕ откако лидерот на СДСМ Заев излезе со тврдење дека биле прислушувани 20 илјади граѓани во изминатиот период? Што сакаше да каже Ахмети со изјавата дека не е скандализиран од прислушувањето, но во исто време бара меѓународно инволвирање? Дали прелесно се поминува преку првите објавени разговори, особено оној меѓу Ставрески и Јанкуловска, кој отвора неколку теми: како се вработува, дали се местат тендери, какви се клановските односи, кој, кому, што подметнува во навидум монолитната партија, потсмев на тема постигнувања во економијата и тоа од оној што секој ден јавно ја фали…

Повеќе во видеото:

Слични содржини