(ВИДЕО) Борбен Су-35С за првпат ги исполни уникатните фигури при летот

од desk2

Руското Министерство за одбрана објави на YouTube клип, посветен на можностите на новиот борбен авион Су-35С.


Спотот ги демонстрира сите елементи на летот – почнувајќи од полетувањето и се до фигури од висок ризик.

Новата руска машина има не само неверојатно можности за маневрирање во воздушна борба, но и системи за детекција на противник на растојание од 400 километри. Борбените системи на авионот можат да придружуваат истовремено 30 цели и да водат оган за осум од нив.

Су-35С може да носи до 8 тони ракети “воздух-воздух” и “воздух-земја” со различен дострел.

Во моментов во составот на руските ВКС има 52 авиони Су-35. На крајот на минатата година првите четири Су-35 беа извезени во Кина, а во наредните години уште 12 авиони ќе бидат прерадени на оружје во Индонезија.

Слични содржини