Македонија засега нема соопштено колку бегалци може да прими во земјата, соопшти денеска Наташа Берто, портпарол на Европската комисија.

– Сите претставници од 12 земји, како и од Европската комисија и од агенциите на Советот на Европа, учествуваа на вчерашната прелиминарна видеоконференција. Исто така, имаме листа на лица за контакт, кои се ставени во соопштението. Имаме заложување на четири од 11 земји кои беа присутни на видеоповикот за прифаќање на 12.000 лица. Македонија не беше меѓу земјите кои даде заложба, но очекуваме наскоро да даде – рече Берто, додавајќи дека видеоконференциите ќе се вршат на неделно ниво.

natasha-berto

Европската комисија вчера попладне имаше видеоконференција со лидерите на Западен Балкан, на која требаше да биде соопштен бројот на мигрантите кои се подготвени да ги прифатат. Видеоконференцијата следеше по неделниот самит ЕУ – Западен Балкан посветен на справувањето со бегалската криза.

Берто на вчерашната конференција истакна дека лидерите од Западен Балкан, по враќањето со своите земји, требало да утврдат кој е капацитетот и инфраструктурата за прифаќање бегалци и потоа да дадат прецизни бројки. Засега не се знае дали прифатните центри што ќе се градат, ќе бидат лоцирани во пограничните делови или, пак, во близина на одредени градови.

 

МЕТА

Слични содржини