(ВИДЕО) Брзата помош заглави во калта во Стајковци

од Vladimir Zorba

141445

Улица број 11 се уште е непроодна, натрупана кал, дупки полни со вода и заглавена механизација се секојдневие на мештаните, но и пречка  за Итната помош да стигне навреме и да интервенира, информира 24Вести.

Оваа повозрасна жена во Стајковци е една од стотиците кои се жалат на срцеви проблеми. Стресот од смртоносните поплави по една недела го зголеми бројот на граѓани кои се жалат на вознемиреност. 50 лица со покачен крвен притисок и срцеви проблеми се јавиле во Итната помош вчера и денеска. Најмногу интервенции мобилната екипа на итна помош имала во Стајковци, околу 150 граѓани барале да им се помогне. Пријавиле и посекотини по телото од чистење на куќите, кожни заболувања и алергии на кожата од нечистотијата.

Поплавите ги истрауматизирале и децата. 12 годишно дете од Батинци било донесено на клиниката за детски болести.

– До овој момент децата се третираат амбулантски, се проверува состојбата, но хоспитализирани со евентуална цревна заразна инфекција немаме. Ноќеска примивме 12 годишно дете кое веќе се појавило на клиниката поради стенокардични проблеми, што значи дека веќе и психата кај децата може да реагира и мораме да сме спремни за такви кондиции. Има и три деца од Арачиново кои се јавиле поради стомачни тегоби и се препратени на Инфективната клиника, вели Аспазија Софијанова, директор на клиниката за Детски болести.

Заразени од хепатит нема, а само едно лице со цревни заболувања било хоспитализирано во Инфективната клиника, од саботата до сега. Лекарите уверуваат нема место за паника.

Целиот текст можете да го видите тука

Слични содржини