(ВИДЕО) Чавков лажеше дека системот во УБК е во сопственост на операторот?! Ериксон демантираше

од Vladimir Zorba

cavkov

На ноќната прес конференција минатата недела директорот на БЈБ Митко Чавков, заедно со дополнителниот заменик министер Оливер Андонов и директорот на УБК, Владимир Атанасовски, ја убедуваа јавноста дека СЈО и Катица Јанева манипулираат и ја загрозуваат безбедноста на државата.

Тие убедуваа дека податоците кои СЈО ги бара со судска наредба не можат да ги обезбедат, бидејќи системот за следење на комуникациите не е во сопственост на УБК и потребно е да дојде претставник од производителот „Ериксон“ за да ги извади податоците.

Еве што кажа Чавков таа вечер.

– Навистина сакаат да создадат перцепција дека некој во УБК ги опструира, а од системот самите сфатија дека не може да ги извадат податоците, односно да направат експорт на податоци. Тој систем не е сопственост на МВР, на УБК, сопственост е на операторот и само овластено лице од него може да пристапи до тој систем. Се уверија во тоа и испратиле писмо до операторот за да добие овластување нивниот претставник во Македонија – рече Чавков.

Сепак, вчера од „Ериксон“ реагираа и соопштија дека тие не се сопственици на системот.

 

Ericsson_logo-768x693[1]

„Ериксон потврдува дека на 19-ти октомври 2016 година доби барање од Специјалното Јавно Обвинителство , по судска наредба од Основниот суд Скопје 1 во Скопје, за техничка асистенција заради истрага и во врска со функционалноста на законското пресретнување на комуникации. За понатамошни информации поврзани со оваа истрага, Ериксон Ве упатува на Специјалното Јавно Обвинителство за овој случај.

Законското пресретнување на комуникации е задолжителна и стандардна функционалност во мрежите на јавната телефонија и телеком операторите и земјите во светот се обврзани да овозможат таква функционалност за локалните власти. Ериксон, како производител на телефонски системи и опрема, исто така, е производител на системи за законско пресретнување.

Ериксон не е сопственик на опремата, ниту оперира со опремата за законско пресретнување на комуникациите“, пишува во вчерашното соопштение.

По ова Чавков мора да и даде одговор на јавноста дали лажел или не знаел за што зборува./извор Либертас

Слични содржини