Еден од најприслушуваните новинари од страна на УБК бил доајенот на макеоднското новинарство, уредникот на неделникот Фокус, новинарот Никола Младенов. Од оправдани причини нема да ги објавиме разговорите, а документите од разговорите се предадени на семејството, изјави  Заев на пресконференцијата на која ја објави четвртата бомба.

Овие материјали што ги добивме со назнака од УБК покажува дека професионалните, критички новинари биле посебни следени. Назнаката на анализите за секој новинар поединечно е Управа за безбедност и контраразузнавање. Од 20 000 преслушувани граѓани, предмет на анализа на УБК се и многу новинари. Ова е силен удар, за што после ова денеска веќе никој нема дилема за тоа во каков режим живееме сите овие години, рече Заев.

Прислушувани се и провладините новинари и професионалните новинари во Македонија. Овие разговори ја откриваат спрегата премиер- УБК – медими . Ќе слушнете како Јанкуловска нарачува покривање на настан на МВР дирекно од шефот на кабинетот на Груевски – Мартин Протуѓер, вели Заев.

Заев објави разговор како министерката Јанкуловска и Протуѓер се договараат кои прилози ќе одат на Сител телевизија, но и разговор на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и главниот уредник на Сител Драган Павловиќ – Латас.

Слични содржини