13150000_10154112016924804_1086968462_n

Потписницитe на Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за работнички права, кои се против намалувањето на правата и достоинството на работниците се пред зградата на Владата.

13140545_10154112024594804_538734865_n

 

 

Протестот го поддржаа и Левичарското движење СОЛИДАРНОСТ, Движењето за социјална правда ЛЕНКА, Синдикатот на македонската дипломатска служба (СМДС) , Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ), Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО), Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ), Независниот академски синдикат (НАкС) и Младинската организација МУГРА, а своја поддршка даде и неформалното движење „Протестирам“ кое за утре најави продолжување на протестот на Шарената револуција.

„Четврти пат во контиуитет Независниот синдикат на полицијата е заедно со повелбата за сето она што се случува и се она што е во моментов актуелно, крешење на човековите права посебно на луѓето во униформа односно сите оние кои ја штитат и бранат Република Македонија„, рече претеседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев Тодев.

 

Потиписниците на повелбата побараа донесување нов Закон за работни односи кој што ќе овозможи вистинска заштита за работниците во приватниот и во јавниот сектор преку ослободување на правото на штрајк, итно изедначување на минималната плата на вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија со сите останати категории работници, промени во Законот за безбедност и здравје при работа со кои здравјето на работниците ќе се стави како приоритетен аспект на работниот однос, повлекување на Законот за административните службеници и на Законот за вработените во јавниот сектор, два закони што го киднапираа достоинството на вработените во јавниот сектор; – со повлекувањето на горе наведените закони, бараме враќање на Законот за државните службеници со оригиналниот текст од 2000 гoдина, повлекување на Законот за културата и отпочнување преговори за потпишување на Колективен договор за вработените во културата, повлекување на сите измени и дополнувања на Законот за високо образование од 2008 година до денес, сè до донесувањето нов ЗВО во кој ќе се обезбеди потполно почитување на правото на автономија на Универзитетот, квалитетен и одржлив развој на вискообразованата дејност, како и изземање на јавните високообразовни установи од системот на трезорско финансирање, законско регулирање на партиципативно студентско организирање и демократска студентска репрезентација во високообразовните установи, повлекување на сите измени на постојниот Закон за надворешни работи од 2008 година до денес и подзаконските акти донесени врз основа на тие измени – враќање на оригиналниот текст на ЗНР од 2006 година во сила, со единствена цел за нормализирање на состојбите во МНР и реинституционализирање на МНР во интерес на надворешната политика, донесување нов Закон за медиумите кој ќе биде прифатлив за новинарите и медиумските работници и регулирање на платите и останатите права преку законска рамка (односно Колективен договор изготвен од ССНМ), вклучување на сите грански синдикати во процесот на социјален дијалог на би- и три-партитно преговарање, отпочнување со инклузивен процес на преговарање за нови Општи колективни договори за вработените во приватниот и во јавниот сектор, потпишување Колективни договори за сите гранки и дејности кои ќе ја отсликаат вистинската слика на борбата за подобри работнички права во Република Македонија./ извор а1он видео

Слични содржини