(ВИДЕО) Дамјановски во ”Топ тема”: Доживеав немила сцена при барање помош за евакуација

од desk3

Во вчерашното издание на ТОП тема на Телма ТВ, гости беа кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски, како и тројца универзитетски професори кои говореа за најновите случувања во Куманово-пренесува Кумановски муабети.

Како прв човек на општината кој на 9 мај, цела ноќ остана на бул. III МУБ заедно со своите сограѓани, запрашан за тоа дали жителите забележале непозната група луѓе која, не само што успеала да се стационира во центарот на Куманово. туку и да донесе огромно количество оружје, Дамјановски вели дека како градоначалник, девет години наназад, тој нема контакти со началникот на СВР Куманово.

Capture55-770x470

– Јас имав една немила сцена. Вечерта во 9 часот, се обратив до СВР Куманово, за да побарам помош при евакуација на некои семејства. Стануваше збор за болни и изнемоштени лица. Таму не бев примен. Немаше со кого да разговарам, вели Дамјановски.

Десет дена пред да се случи ова што се случи, јас бев информиран за куќата во која престојуваат луѓе за да направат проблеми. Но, поради немање контакти со СВР Куманово, немав со кого да зборувам на таа тема, истакна градоначалникот, додавајќи дека Куманово во деновите на нападот, градот живееше во воена хистерија.

– Градот личеше на зона на самракот. Ова состојба создава меѓуетнички разделби, вели градоначалникот.

Извор: Кумановски муабети
Видео;Telma

Слични содржини