(ВИДЕО) Делови на законот за албанскиот јазик на Ахмети над Уставот – го заобиколил: Има ли компромис за ова!?

од desk2

Али Ахмети излегол надвор од рамката на Уставот со јазикот што го стави на маса пред СДСМ, дознава неофицијално ТВ 24 од партиски извори во СДСМ.

Детали  од содржината на законот никој не открива, а нема ниту информации во кој дел првиот човек на ДУИ ги кренал барањата  и го заобикол Уставот.

Неофицијално, забелешките на предлогот на ДУИ се скроени и за брзо ќе бидат во рацете на Али Ахмети.  Дека СДСМ нема намера да прави компромиси со нешто што излегува од уставот, порача вчера и лидерот на партијата.

„Првата работа што ја гледаме е уставот“ – порача Заев.

Али Ахмети пак денеска ги избегна камерите и одби да даде изјава. Од Мала Речица вчера законот го правдаа како усогласен со уставот Рамковниот договор – порачаа дека се работи само за унапредување на албанскиот јазик  на ниво на цела држава. Партиски извори од ДУИ денеска порачуваат дека преговарачите на ДУИ и СДСМ ќе се се обидат повторно да  го испеглаат законот. Дали ќе успеат е неизвесно. Токму албанскиот јазик  бил главна тема и на средбата денеска на Алијансата на Албанците и на ДУИ, на која не се појави Билал Касами, лидерот на ДР ДПА. Села порача дека нема да прифаат ниеден закон за албанскиот јазик што ќе произлезе надвор од  партиите што застанаа зад платформата.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

 

Слични содржини