(ВИДЕО) Демонстранти: Нема да дозволиме Заев да биде премиер, ќе влеземе во Собрание насилно ако треба

од desk2

Демонстрантите кои денеска протестираа пред Влада велат дека нема да дозволат Заев да формира Влада. Тие побараа Ѓорге Иванов да не биде мек и да не го дава мандатот на лидерот на СДСМ.

– Дојдени сме да ја одбраниме државата од еден од Муртино што дошол тука. Нема да му дозволиме на Заев никогаш да формира Влада во Македонија. Јас го гарантирам тоа, ќе бидам најголемиот противник и најголемиот борец против него. Тој нека си оди од Македонија, само така ќе ја спаси Македонија и себеси. Не му дозволуваме да влезе во Влада. Кај се наоѓате вие, рече еден од демонстрантите.

Според нив, не можело во Европа да има десет држави „шиптарски“ и не требало во Македонија да се зборува албански јазик.

– Претседателот да не биде мекан и да не дозволува странски цијаши да му даваат наредби кога и кому ќе додели мандат. Тој е мекушец. На кој начин собрал 67 потписи, со поткуп од Соросови пари? Нема да биде премиер, ќе влеземе во Собрание насилно. Нема да дозволиме аболициран криминалец да ја води државичкава. Ова може да биде Калифорнија. Заев ги поткопал темелите на Македонија со тоа што сакал да го промени името, албанска валута, двојазичност. На телевизија видовме албанска валута дека ќе има. Академците ги нема никаде, интелектуалците се водечка класа, нашите спијат и ги чуваат столиците. Ниеден не излезе на телевизија, рече една од демонстрантките./извор а1он

Слични содржини