По половина час поддршка за Специјалното јавно обвинителство, стотиците граѓани тргнаа накај Собранието. Но, демонстрантите не можат да стигнат до таму, бидејќи приодот е блокиран со голем полициски кордон. Тоа предизвика огромна нервоза и негодување кај луѓето што протестираат.

CgGj5p8XEAAFwy9

Оттаму, демонстрантите се упатија кон Владата преку Камени мост, но пред новиот објект на Македонски народен театар се спречени од кордон полиција. Се вратија назад и се упатија накај владата од страната на Градски ѕид. Но таму полицијата ги пречека пред Владата и не им даде да се приближат до зградата.

Граѓаните на протестот, организирани од невладините граѓански здруженија, извикуваа пароли „Нема правда нема мир“, „Оставка, оставка“.

CgGmPEaXIAIN1ua

Тие велат дека ќе протестираат се додека претседателот на државата Ѓорге Иванов не ја промени одлуката за помилување на политичарите против кои има покренато предистражни или истражни постапки.

CgGlSVEXIAAroDu

Од друга страна пак, граѓаните организирани од граѓанското здружение ГДОМ со зурли и тапани пристигнуваат на Јужен булевар од каде што ќе се упатат кон седиштето на СДСМ. Овие граѓани протестираат против аболицијата на Зоран Заев и на Зоран Верушевски.

На нив им се придружуваат луѓе кои со автобуси од внатрешноста на Македонија пристигнуваат на улицата „Јордан Мијалков“.

Засега не е забележливо поголемо присуство на полиција на овој протест.

 

МЕТА

Слични содржини