13236322_10154146561999804_812754907_n

Со чатал повторно е обоено Собранието на Република Македонија.

13249501_10154146561039804_606406987_n

Демонстрантите ја продолжуваат својата Шарена револуција. Откако граѓаните пристигнаа пред македонскиот парламент. Со чатал фрлаа топки со боја кон законодавниот дом – Собранието на Република Македонија.

Шарената револуција“ денеска повторно  е против еднопартиските избори. Во најавата за настанот на „Фејсбук“, поддржувачите на „Шарената револуција“ пишуваат дека борбата ќе биде долга и макотрпна.

13245841_10154146562774804_1592051039_n
„Еднопартиски избори нема да дозволиме. Нема да им дозволиме ни да избегаат со украденото, а камоли да останат во земјата несоочени со правда. Нема да дозволиме повторно заташкување на ситуацијата и губење на уште една година во реформи од типот „едно напред, три назад“, пишуваат организаторите“.

13231182_10154146563829804_152317690_n
Тие потсетуваат на барањата на „Шарената револуција“, од кои велат дека нема да отстапат ниту милиметар: итно повлекување на одлуката за аболиција, итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов, произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд што ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Македонија и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе./ видео Мета

13228152_10154146565304804_635476770_n

 

13231128_10154146564259804_390295038_n

Слични содржини