Пораките од САД и Европската унија, упатени по објавувањето на селективната аболиција од претседателот Ѓорге Иванов, се отворени и директни.

maleski

Професорот Денко Малески во изјава за Телма  нагласува дека Вашингтон и Брисел, кои се и гарантори на Договорот од Пржино, инсистираат на вредностие на демократските општества и, кога ќе речат дека бараат еднаквост на владеењето на правото, тука нема шега, нагласува Малески.

– Ако ви кажат дека вашиот чин на аболиција е спротивен на принципите на кои се повикувате и сакате да бидете дел од демократски свет, тоа мора да го разбереме и да ги примениме тие принципи. Тие разбираат зошто некогаш идеалите не може да ги постигнеме, заради менталитет или институции, разбираат, но кога тоа намерно го правиш и  опструираш, тоа не го прифакаат, нагласува Малески.

Западот ја следи нашата криза. Од првата фаза која кулминираше со исфрлањето на опозицијата од парламентот во 2014-та година, и особено се инволвира во нејзината втора фаза кога снимките открија дека  во нашиот политички систем нема демократска контрола и владеење на правото.

Во евроатланската зона не се поставува прашањето дали сакаш да бидеш демократска држава, туку мораш да бидеш тоа, во спротивно следуваат санкции и затоа не можеш да купуваш време, вели Малески.

-Ние или ќе функционираме како вистинска демократска држава, или нема да не биде. Не е тоа прашање на избор. Не може да имате диктатура во Македонија, а секаде околу да имате демократии кои што се под притисок како држави да се менуваат. Немаме друга иднина и тоа народот мора да го разбере и, да даде поддршка на трансформацијата, вели Малески.

Дали случаите на конфронтирање со Западот можат да значат намигнување кон Русија и промена на геостратиската поделеност, каков што тоа беше примерот кога Иванов изјави дека амбасадорите треба да внимаваат на однесувањето и да не се мешаат, Малески вели:  Не може да знаеме што политичарите размислуваат или планираат, но таква промена е неможна.

Македонија, практично, е опкружена со НАТО и е неостварлива идејата за такво завртување во оваа ера на конфронтации кои се налик на блоковските од минатиот век.

Слични содржини