(ВИДЕО) Дескоска: Дојде крајот на злосторничкото здружување на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Десет години агонија на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Десет години грабеж на буџетот и одлевање на парите на граѓаните, рече пратеничката Рената Дескоска од СДСМ, пред овој парламентарен состав да се самораспушти.

timthumb-1

Таа посочи на масовното кршење на правата на граѓаните, невидените притисоци врз администрацијата и гласачите, општествено партизирани институции, рушење на демократијата, информира а1он.

Дојде моментот да се стави крај на злосторничкото здружување на ВМРО-ДПМНЕ, крај на грабежот на буџетот, рече во својот говор во собранието, пратеничката од СДСМ, Рената Дескоска.

– Денеска си одиме дома да ги сумираме впечатоците кој за што се залагал кој што штител, тие што штитевте криминалци треба да им објасните на своите пријатели, деца, гласачи за што сте се залагале. Ние се загалавме за враќање на демократијата, за казнување на криминалците. Ќе продолжиме да се обориме за тие вредности и на 11 декември заедно со граѓаните ќе се избориме за Македонија. На 11 декемрви заедно ќе ги симнеме криминалците од власт, ќе победи – слободарска Македонија, рече таа./а1он

Слични содржини