(ВИДЕО) Џеј Ло се пофали: Никогаш немам секс на првата вечер

од Vladimir Zorba

Џенифер Лопез се појави во студиото на познатата американска шоу водителка Елен Деџенерис. Посетата на пејачката беше во рамките на презентацијата на новиот проект на американската телекомпанија NBC World of Dance.

Лопез учествуваше во работата над програмата, во кој таа е продуцент и член на жирито. Пејачката и актерка разговара за претстојното шоу, но не помина и без да ги искоментира односите со новиот нејзин пријател Алекс Родригез.

Лопез била целосно отворена и раскажала во детали за првата средба со спортистот.

“Вечеравме некаде и го видов да поминува. Бев на пат да си заминам, но решив дека ќе се доближам и му честитам. Отидов до него, го допрец неговото рамо и реков: “Здраво”, изјави ѕвездата. Алекс го прифатил пријателскиот гест на Џен како знак за акција и ја поканил на ручек.

Сега ѕвездата веќе не се сеќава што се јаделе во ресторанот, но потврдува дека прекрасно си поминале. “Тоа беше само убава вечера. Мама не спие со мажи на првата средба “, прецизира пејачката.

https://www.youtube.com/watch?v=h6MkyhLn5yk

Слични содржини