sarena_revolucija_maicka

Шарената револуција ги обедини графичките дизајнери околу потребата да се брендира движењето. Шеснаесет  дизајнери за еден месец, откако започна револуцијата, изработија триесетина оригинални но и редизајн решенија за маици, беџови, транспаренти и знамиња, со пораките „ Протестирам“, „ Непослушна“, „ Хулиган“ , „ СЈО“ и др. Графичкиот дизајнер Даниел Јанев е еден од тие автори кои понудија 3 решенија, на тема „ Шарена револуција“, посочува Телма.

Ние од аспект на дизајнери сакаме да го користиме дизајнот како алатка за да се бориме против некоја неправда. Значи да допреме до што е можно поголема маса на луѓе и едноставно дизајнот да помогне за нешто подобро, вели дизајнерот Јанев.

Пуштени од дизајнерите слободно да се печатат во јавноста, нивните креации аплицирани на маици , полека се комерцијализираат. Според комуникологот Петар Арсовски, политичката ситуација која ги извади луѓето на улица и дизајнот на Шарената револуција се надополнуваат, па и покрај можноста тој да прерасне во мода, политичкиот ангажман на учесниците во Шарената револуција нема да изостане.

Тој е жива материја , тој се менува како што го доживуваат луѓето кои учествуваат во тој процес. И мислам дека во таа смисла тој може да се разводни на некаков начин, но мислам дека политичката тензија ќе ги собира луѓето повторно околу главната порака на овие протести, смета комуникологот Арсовски.

Целиот текст можете да го видите тука

Слични содржини