hqdefault.jpg1

П1: Како ќе продолжат преговорите ако бидете во притвор?

 Ќе дојдат во Идризово, односно во затворот Шутка останатите претседатели на политичките партии.

 

П2: Дали е точно дека тајно сте преговарале?

 Тајни преговори нема. Меѓупартиско преговарање  помеѓу сите политички партии на одредени нивоа и помеѓу двете најголеми политички партии од власта и од опозицијата постојат, секако во посредство со меѓународната јавност, онака како што знае јавноста. Штом ќе има одреден резултат од тие преговори, веднаш ќе бидат соопштени на јавноста.

 

П3: Добро ако нема тајни преговори, ги демантиравте медиумите, бидејќи имаше многу шпекулации…

 Еве и сега ги демантирам. Меѓупартиски преговарања и договарања постојат, тоа го знае јавноста, тоа го соопштивме на секоја средба, на сите можни нивоа вклучени се сите партии во преговорите, секако со посредништво и помош на меѓународната заедница застапена преку амбасадите овде во Македонија.

 

П4: Дали вчера имавте средба вие и претставници на СДСМ со Груевски и претставници на ВМРО-ДПМНЕ. Дали имаше средба?

 Постојат средби на сите можни нивоа помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, помеѓу Заев и Груевски, помеѓу сите со претставници на меѓународната заедница, заедничките претставници помеѓу политичките партии.

 

П5: А точно ли е дека постои на маса предлог за повлекување на Груевски до јануари, а министри супервизори од ноември?

 Предлогот којшто е лиферуван во јавноста не е точен.

П6: Дали постои некаков друг предлог околу кој може да се очекува…

 Секако, преговараме. Предлози има и од наша страна како опозиција, предлози има од страна на владејачките партии, предлози има и од страна на странците коишто се обидуваат да ги приближат нашите ставови и за сите тие предлози се преговара. Апсолутно ние сме децидни во нашите ставови, отстапки од одредени црвени линии нема, заради тоа што конечната цел е споделена одговорност, опозицијата да биде гарант заедно со власта на регуларноста на изборите и само на тој начин ќе предизвикаме нормализација на институциите, враќање на корективите во општеството, а израз на тоа ќе биде полн легитимитет на победникот на изборите. Само тоа е возможно, тие принципи до крај мора да бидат застапени.

 

П7: А се знае ли кога ќе биде наредната средба?

 И денеска има средби, и утре ќе има средби, договорено е до крајот на оваа седмица да завршат сите разговори и обиди за преговори и по пат на зелена маса да се стигне до договор.

 

П8: Господине Заев, значи ќе продолжите со објавување на бомбите, бидејќи се гледа дека нема…

 Додека траат преговори го гледате и демократскиот однос на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија наспроти односот на нашиот политички опонент. Оставаме јавноста нека цени.  Додека траат преговори секако нема да имаме објавување докази и аргументи од аудио снимките коишто ги поседуваме кај нас во партијата. Но, ако нема договор, ни стојат сите можни средства на располагање во демократски процеси коишто секако се исправени пред нас, `се до конечно постигање на целта за којашто сите се залагаме.

 

П9: Во момент кога ќе се постигне договорот, тоа значи дека монтираните случаи коишто ги знаеме ќе одат во историја, нема да се објават?

 Не. Прво ќе бидат процесуирани до независниот нов јавен обвинител, собраниската комисија ќе ги отвори случаите и дебатата за сите овие случаи може да биде отворена на сите можни нивоа. Ние ја ветивме целосно Вистината за Македонија и таа вистина ќе допре до граѓаните во целост.

 

П10: Господине Заев, какво е вашето мислење за собраниската комисија за следење на комуникациите којашто вчера беше…

 ВМРО-ДПМНЕ  го контролира ВМРО-ДПМНЕ. Апсолутно не очекуваме ништо од таа Комисија, по Устав и по закон мнозинството во оваа Комисија за надзор над УБК и на Агенцијата за разузнавање е на опозицијата и доаѓа на предлог на опозицијата, официјално и претседателот на таа Комисија е на предлог на опозицијата, тоа не случајно така е предвидено во законот, за да има контрола како што треба  да има контрола.

 

П11: Господине Заев, бидејќи рековте дека не го признавате судството, дали ќе продолжите да доставувате документи до Обвинителство?

 Еве вака. Ние рековме дека трагата ќе продолжиме да ја оставаме за времето во коешто живееме и работиме. Ако не се поднесат документи и докази секој пат до обвинителството за `се што поседуваме, за `се што и во иднина ќе поседуваме, никогаш никој нема да одговара за ништо во оваа земја.  Ако денеска имаме нелегитимно правосудство во Македонија, тоа не значи дека така ќе остане за век и веков. Токму една од борбите коишто ги водиме, односно борбите што ги водиме за една од целите е токму правда за сите, правичност за сите, покрај слободата и демократијата и европските вредности генерално.

 

П12: Господине Заев, искрено не ве разбрав, вчера имавте средба со Груевски или немавте?

 Како и претходите денови, почнувајќи од понеделникот се до крајот на седмицата постојат средби на сите можни нивоа во коишто средби сум вклучен и јас како претседател, е вклучен и Никола Груевски, на сите можни нивоа се средбите со конечна цел да се најде решение преку дијалог.

 

П13: Како го коментирате ставот на Тито Петковски кој ве повика да не преговарате тајно?

 

Тајни преговори нема. Преговорите се во духот на тоа што е објавено во јавноста, од тоа што е прифатено од сите нас заедно и токму на тој начин се вршат преговорите.

 

П14: Ваши високи функционери брифираа дека нема средба, на крај излезе дека има…

 Средби постојат на сите можни нивоа, тоа го кажувам. Ако мислите дека може да се седне на маса и да ги повикаме сите медиуми за сите детали внатре, нема зошто да седнуваме оти не се постигнува договор. Сето она што е ново веднаш го споделуваме со јавноста, преку соопштенија или преку директни наши изјави. Преговори течат, додека траат тие преговори некогаш се случува втор тим на СДСМ, некогаш прв тим на СДСМ, некогаш трет тим на СДСМ, тука се меѓународните претставници, со нив преговараме директно, индиректно, на сите можни начини на преговарање коишто постојат и во меѓународната пракса.

П15: На овие средби само СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ преговараат?

 Не, како што знаете на одредени нивоа се вклучени и другите две политички партии коишто се застапени од албанскиот политички блок.

 

 

 

 

 

 

Слични содржини