По вчерашното распуштање на парламентот, Достоинство смета дека не се создадени услови за легитимни фер и демократски избори бидејќи до денес се уште не е прочистен избирачкиот список ниту пак е извршена регулација на медиумите како обврски кои произлегуваат од т.н. Пржински договор, рече претседателот на партијата, Стојанче Ангелов додавајќи дека тие нема да учествуваат на изборите токму поради овие причини освен ако не бидат отстранети посочените неправилности и недостатоци-пренесе А1он.

-Ангелов
-Како дел од опозицијата ние не само што нема да учествуваме на вакви недемократски, нефер и нелегитимни избори, туку нема да дозволиме истите да бидат поддржани, односно ќе ги преземеме сите оние активности кои што може да се преземат во било која нормална држава и ако Македонија е далеку од нормална држава во овој политички аспект, вели Ангелов.
Повеќе ТУКА

Слични содржини