(ВИДЕО) ДУИ молчи за заканите на Груевски!?

од desk2

Партијата на Ахмети без никаков коментар за подбуцнувачките повици и закани на Груевски доколку СДСМ и ДУИ ја формираат новата влада, информира Алсат М.

Интегративците одбраа да молчат по изјавите на нивниот поранешен коалиционен партнер против двојазичноста и обвинувањата дека преку заедничката платформа на албанските партии и Заев тие се обидуваат да го уништат унитарниот карактер на земјата и да ја одведат кон федерализација. Пред еден ден, претседателот на ВМРО, ја изрази својата подготвеност да поддржи малцинска влада која би била раководена од СДСМ доколку од оваа партија не ја прифатат заедничката платформа на Албанците.

„Воопшто не е за чудење ставот на Груевски. Она за што всушност треба да се чудиме е дека на ДУИ му беа потребни 10 години заедничко владеење со Никола Груевски за да сфатат каков е тој. Од друга страна, се поставува прашање, за што владееја и врз основа на што владееја со една личност кој има толку многу антидемократски и антиалбански ставови? Јас мислам дека веќе влегле во процес на демократизација и Македонија како држава, но и албанските партии имаат доволно капацитет за да придонесат во оваа демократизација на државата и општеството.“ – изјави Орхан Муртезани, Движење „Беса“

Од Алијансата за Албанците велат дека последното обраќање на Груевски е доказ за неговиот антиалбански став и албанските партии треба да ја исклучат секоја можност за идна соработка со актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот текст можете да го прочитате тука

 

Слични содржини