(ВИДЕО) ДУИ уште во петок донела одлука да се коалицира со СДСМ – влегува во владата на Заев

од desk2

ДУИ најверојатно ќе коалицира со СДСМ. Ова било договорено на Централното претседателство во петокот, а одлуката ќе се соопшти утре, изјави за Телма висок функционер на ДУИ.

Тоа не било сторено пред два дена со цел да се избегнат евентуални инциденти по најавите за протести. По добивањето на мандатот, партијата ќе отпочне со преговори со СДСМ за идниот владин кабинет и усогласување на владината платформа.

67-те потписи за парламентарно мнозинство Зоран Заев ќе му ги достави на претседателот Иванов. Не очекуваат какви било обструкции од негова страна затоа што членот 90 од Уставот е јасен: Претседателот е должен да му го даде мандатот на кандидатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. И покрај фактот што Беса и Алијансата за Албанците му ги дадоа потписите на Заев, тоа според двете партии не значи неопходно учество во Владата.

Алијансата инсистира на целосно спроведување на Платформата на Партиите на Албанците, додека Беса изнесе свои услови за коалицирање во идната влада да нема инкриминирани политичари, да се отвори дискусија за редефинирање на државата и владиниот договор да биде временски ограничен и транспарентен за јавноста, изјави портпаролот на БЕСА, Орхан Муртезани.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини