На екипата на Алсат М им се закануваа мигрантите кои се во село Ваксинце, општина Липково. И покрај заканите, екипата стигна до куќата каде неколку дена, повеќе од 200 мигранти беа во заложништво од криминална група предводена од авганистанскиот криминалец, познат како Алибаба. Алсат М се обиде да влезе во засолништата на мигрантите надвор од селото, но беше спречена од страна на група мигранти, претежно млади, кои и се заканија на екипата на телевизија.

„Дури и жителите, револтирано ни наредија да заминеме и бараа да не им приоѓаме на куќите каде имаше мигранти. Причината беше беше страв од одмазда од мигрантите или можна полициска интервенција против нив. Затоа жителите не дава изјави. Портпаролот на полицијата Иво Котевски не ги коментира гласините дека меѓу криминалната група која се занимава со шверц на мигранти, може да има и припадници на полицијата. Котевски вели дека полицијата го испитува случајот и дека ќе бидат преземени мерки против секое лице кое соработува со криминалната група.

VAKS

„МВР презема максимални мерки за решавање на случајот. Досега немаме пријава за конкретниот случај, значи во Ваксинце, ако некој од полицајците соработувал со криминалната група, но нагласувам дека сите околности се утврдуваат и откако ќе обезбедиме докази за вмешаност на припадник на полицијата, ќе преземеме мерки против нив“ рече Иво Котевски, портпарол на Министерството за внатрешни работи.

Додека полицијата го истражува случајот, бројни групи на мигранти слободно се движат во селото Ваксинце и околната планина. Во местата каде се сместиле, не смеат да стапнат ниту жителите од селото. Жителите велат дека во неколку случаи ги виделе мигрантите дека се вооружени. Алсат М подолго време ја информираше јавноста за проблемот со мигрантите, последиците од ова, можноста за ширење на заразни болести и за бизнисот за нивното сместување, но досега институциите молчат“, пишува Алсат-М.

Слични содржини