(ВИДЕО) Експерти: “Бомбите” да се прифатат како доказ

од Vladimir Zorba

Тесно партиски интереси и тесно правничко толкување можат да му ја запечатат судбината на Специјалното јавно обвинителство, информира АлсатМ.

Универзитетскта професорка, Гордана Бужароска смета дека врховните судии нема да ги реализираат желбите на претседателот Јово Вангеловски, прислушуваните разговори да не бидат докази во судница, а СЈО да не може да поднесува барања за заштита на законитоста.

„СЈО во секој момент може да поднесе БЗЗ. За предметот што го води и го оформил СЈО и не го презел од редовното обвинителство, не постои ниту еден основ да редовното обвинителство поднесе барање за заштита на заонитоста. Тоа одговорно го тврдам и сметам дека ќе имаат доблест
Врховниот суд да ни го урниса правниот систем. Излегува дека нашите студенти повеќе знаат ЗКП“. – вели Гордана Бужароска, Универзитетски професор

Универзитетскиот професор, Јован Јовчевски на денешната стручна расправа на тема „Парадигмата на незаконитетите докази и плодовите на отровното дрво“ порача дека обидот да се минира СЈО е скадалозен потег на старо новиот Претседател на Врховен, Јово Вангеловски.

„ Сега Врховниот суд чиј што прв човек е крајно компримириран тоа е Јово Вангеловски поднесува барање дали треба да се издвојат незаконитите докази. Ве молам тоа воопшто не е спорно Манипулацијата на власта е се уште силна.“ – изјави Јован Јовчевски, Универзитетски профеоср

Врховната судијка и екс шефица на овој суд, Лидија Неделкова преку примери илустрираше дека и таа одобрила во судница незаконити докази. Одредбите од законот дозволувале во одредени случаи нивно користење.

„Имаме еден различен пристап во законот. Законодавецот опфатил повеќе ситуации, меѓутоа не сме можеле да предвидиме дека ќе ни се случи ваков сериозен, настан со тие незаконски прислушувања кои сега судиите ги доведе во една ситуација тие да бидат, тие што ќе одличат дали да ги прифатат доакзите или не“ – изјави Лидија Неделкова, врховен судија

Специјалниот обвинител, Гаврил Бубевски објасни дека за случајот „Шпион“, Апелацискиот суд прифатил како доказ незаконски снимки. Спротивно на ова Кривичниот за обвиението против екс премиерот Никола Груевски за нарачаните шамари во Центар не ги дозволил како докази разговорите од „бомбите“.

„Од СЈО беше вложена жалба. Постапката е по жалба. Мисалм дека се уште не е ни доставена до странките, два, три месеца чека достава. Во овој случај не знам како ќе се постави Апелацсикиот суд кога има своја одлука по однос на слични снимки“. – изјави Гаврил Бубевски, СЈО

Дебатата на тема „Парадигмата на незаконитетите докази и плодовите на отровното дрво“ доаѓа во време кога Врховниот суд треба да одлучи дали дополнително ќе го блокира СЈО, преку предлозите на старо новиот шеф Јово Вангеловски кој е и кум на екс спикерот Трајко Вељаноски./извор АлсатМ

Слични содржини