(ВИДЕО) Ериксон: Произведуваме, но ниту сме сопственици ниту оперираме со опрема за прислушување

од Vladimir Zorba
Компанијата „Ериксон“ се огласи, го добиле барањето од СЈОза техничка асистенција во истрагата за незаконското прислушување. Отфрлаат дека се сопственици или оператори на опремата со која се прислушувало.
145661
На прашање на 24 Вести, кога ќе пристигнат во Македонија не прецизираат, оти истрагата, велат ја води СЈО.
Законското пресретнување на комуникации е задолжителна и стандардна функционалност во мрежите на јавната телефонија и телеком операторите и земјите во светот се обврзани да овозможат таква функционалност за локалните власти. Ериксон, како производител на телефонски системи и опрема, исто така, е производител на Системи за Законско Пресретнување. Ериксон не е сопственик на опремата, ниту оперира со опремата за Законско Пресретнување на комуникациите, велат од „Ериксон“.
Овој став на „Ериксон“ следува по изјавата на директорот на БЈБ, Митко Чавков, кој рече дека без операторот не може да продолжи истрагата.
„Тој систем не е сопственост на МВР. Не е сопственост на Управата за безбедност и контраразузнавање, напротив е сопственост на опертароти и само овластено лице од операторот може да пристапи до тој систем за да може безбедно да се извлечат податоците кои се потребни“, изјави директорот на БЈБ, Митко Чавков.
Додека Специјалното јавно обвинителство го чека експертот од „Ериксон“, за да овозможи пристап до податоците од 2008 до 2015 година, екс министерот за внатрешни работи Павле Трајанов во изјава за 24 Вести тврди дека траги во системот има дури и ако некои податоци биле уништувани.
Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини