(ВИДЕО) Ескрадила на воени авиони на САД соборија Су22 во Сирија

од Vladimir Zorba

Ескадрила од ВВС США VFA-31, позната и како Tomcatters, објави снимки од воздушна борба со сириски авион, снимена од еден од авионите, пренесува The Drive.

Су-22 од сириските воздухопловни сили беше соборен од страна на американски борец F/A-18E Super Hornet во областа на Табка на 18-ти септември. Пентагон потоа рече дека сириската авијација им се заканувала на силите на вооружената опозиција.

Дамаск, пак, истакна дека авионот имал задача да ги уништи терористите од Исламската држава.

Кадрите објавени на веб-страницата покажуваат како сирискиот авион е погоден од ракета, паѓа на земја и експлодира. Неколку дена по воздушните напади, американската ескадрила го симнала видеото од својот канал на YouTube, но остана на други сајтови.

Слични содржини